Левите бекови на Реал несакајќи го газеа логото на Манчестер сити, а реакцијата на Марсело е хит (Видео)

Навивачите на Манчестер сити се налутија вечерва кога видоа како при излегувањето на теренот за да тренира, левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, го газеше клупскиот амблем кој е на земја кај влезот.

Има непишано правило дека од почитување, фудбалерите не треба да го газат логото на ниту еден тим, но Менди не обрати внимание, па газеше по логото и утре ако игра, веројатно ќе биде исвиркан.

Другиот лев бек на Реал, Марсело, исто така сосема случајно го газеше логото, но за разлика од Менди, се каеше за ненамерниот потег. Кога Милитао му покажа дека го газел логото, Марсело почна да се држи за глава. Очигледно е дека му беше криво што го направил тоа и јасно е дека газењето беше сосема ненамерно.

- Оглас -

Најнови вести