Либанкста таеквондистка Летиција Ајун загуби во полуфиналето на Летните олимписки игри, а со тоа ја остави и нашата Милјана Рељиќ без можност да се бори за бронзениот медал. Ајун загуби од актуелната светска шампионка Нахид Кијаничанде од Иран со убедливи 2-0, откако двете рунди ги загуби со 10-3 и 9-0.
Нашата Рељиќ во четвртфиналето загуби само за еден поен од либанската натпреаврувачка, па за да се најде во репасажот и борбата за бронзен медал, потребно беше Ајун да се пласира во финалето, па така да ја повлече и нашата таеквондистка во репасажот.
Сепак, во секој случај Милјана Рељиќ покажа квалитет на Олимписките игри откако во првото коло ја елиминира двократната олимписка шампионка Џејмс од Велика Британија, а потоа само за еден поен и избега полуфиналето.