Лидерот на Истокот паѓа во Денвер

Кливленд кавалирс – Бостон селтикс (кошарка, НБА, 01.00 часот)

Бостон сезоната ја почна со пораз, а оттогаш врза четири победи по ред и е фаворит да дојде и до петтиот триумф едноподруго. Кливленд е на 2-4 по шест средби. На двојка укажува и традицијата на меѓусебните дуели на овие тимови. Селтикс ги доби последните седум пресметки со Коњаниците. Кливленд на свој терен не го победил Бостон од октомври 2018, а пред три недели Келтите како гости славеа против Кавалирс со 118-95.

Предлог тип: 2-2 (1.87)

 

Чикаго булс – Лос Анџелес лејкерс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

И тука би требало гостите да победат. Лејкерс има серија од пет победи по ред и е лидер на Западот, а Булс со 2-5 е при дното на Истокот. Биковите веќе три години не знаат за победа во официјален меч против Езерџиите. Чикаго првпат сеознава игра против некој од посилните тимови на Западот, а треба да мислат како ќе го запрат Ентони Дејвис, кој е роден во Чикаго и ќе сака да се докаже пред публиката во родниот град. Дејвис е најефикасен играч во НБА според поените дадени во прва четвртина.

Предлог тип: <215.50 (1.80)

 

Денвер нагетс – Мајами хит (кошарка, НБА, 03.00 часот)

За разлика од другите два меча, каде што во предност се гостите, тука би требало да биде единица, а и квотите најавуваат такво нешто, иако Мајами е прв во Источната конференција. Хит има 5-2, но вечерва ќе падне на 5-2, а ист таков биланс ќе има и Денвер, кој се бори за место во плејофот на силниот Запад. Грутките се подобар тим, во минатата сезона на двата меча Мајами не успеваше да даде 100 поени.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Далас старс – Колорадо авеланч (хокеј, НХЛ, 02.30 часот)

Иако Колорадо е подобро пласиран на табелата, формата на тимовите најавува победа на домашните. Далас има три победи по ред, а Лавината има веќе четири порази по ред. Пред три дена, Старс како гостин победи против Колорадо со 2-1, сега Авеланч ќе се обиде да се реваншира, но нема да биде лесно. Не е исклучено да заврши нерешено, но ние типуваме на похрабрата варијанта, чист „кец“.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Монтреал канадиенс – Бостон бруинс (хокеј, НХЛ лига, 01.30 часот)

Бостон делува незапирливо, има шест победи по ред, но има и голем број повредени играчи кои нема да настапат против Канаѓаните, па затоа треба да се биде претпазлив. Двата тима имаат ефикасни мечеви сезонава, речиси редовно паѓаат пет или повеќе голови, но не е така во меѓусебните дуели. Монтреал три години не знае за домашна победа над Бруинс, а Бостон во минатата сезона во оваа сала победуваше со 4-0 и 3-2.

Предлог тип: <6.50 (1.70)

- Оглас -

Најнови вести