Лидерот на навивачите на Фенербахче доби ќотек на шпанската полиција (Видео)

За време на првиот осминфинален дуел во Лигата на Европа помеѓу Севилја и Фенербахче, што се играше на „Рамон Санчес Пицхуан“ стадионот, шпаската полиција брутално реагираше и претепа еден од водачите на навивачите на турскиот тим.

Според видеото кое се појави на социјалните мрежи, навивач на Фенербахче, падна од „шипката“ додека го водеше навивањето и тоа бидејќи беше повлечен од полицајците.

Тие со пендреци силно го удрија неколку пати, дури и по глава, иако според навивачите на Фенербахче тој сакал да ги смири тензииите меѓу нив.

- Оглас -

Најнови вести