Лидерот не сака да калкулира – Ливерпул ќе враќа пари за купените билети

Ливерпул не сака да калкулира со времето и со парите и одлучи да им ги рефундира сите средства што навивачите ги имаат вложено во сезонски билети и ќе им ги врати парите и на сите симпатизери што имаат купено влезници за преостанатите четири натпревари на „Енфилд роуд“ сезонава.

Ливерпул има уште четири дуели што треба да ги одигра на свој терен, кога сезоната ќе продолжи и ќе се доигра. Рестартирањето се очекуваше на 12 јуни, но вчера „Ивнинг стандард“ објави дека е можно камбекот на премиерлигашите да се пролонгира за две седмици и англиското првенство да продолжи на 26 јуни.

Ливерпул испадна од Лигата на шампионите и ќе мора да се прости од пехарот што го освои лани, но има огромна шанса да биде англиски првак по пауза од 30 години.

Црвените од „Енфилд роуд“ на девет кола до крајот на шампионатот во Премиер лигата имаа 25 бода предност пред актуелниот првак Манчестер сити и треба да се случи невидено чудо да ја прокоцкаат шансата.

- Оглас -

Најнови вести