11.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Лидерот само до реми во Охрид, Скопје славеше убедливо, Тетекс се спаси од пораз во 95-тата минута

Дербито на седмото второлигашко коло помеѓу Охрид Лихнидос и штипска Брегалница заврши со најнепопуларниот резултат, 0-0. За Брегалница и бодот е доволен за задржување на врвот, иако Беласица со евентуална победа утре против Шкендија Арачиново на домашен терен може да ги мине.

Убедливи победи забележаа Скопје над Вардар Неготино, Новаци на гостувањето кај Преспа, како и Детонит Плачковица против прилепска победа.

Најголеми возбудувања имаше во Македонска Каменица, каде домашната Саса имаше предност од 3-1 против Тетекс до 90-тата минута, но тетовци со два гола во судиското продолжение се спасија од пораз и дојдоа до 3-3.

Резултати:

Каменица Саса – Тетекс 3-3
Преспа – Новаци 0-3
Охрид Лихнидос – Брегалница 0-0
Скопје – Вардар Н. 4-1
Големо Коњари – Кожуф 1-0
Детонит Плачковица – Победа 3-1
Слога В. – Осогово 0-1
Беласица – Шкендија А. играат утре

- Оглас -

Најнови вести