Лидс договори трансфер со кој му ја одреди судбината на Алиоски

Лидс јунајтед е блиску до комплетирање на трансферот на Жуниор Фирпо, левиот бек на Барселона, за кого ќе исплати 15 милиони евра. Двете страни најдоа заеднички јазик околу овој ангажман, останува само Лидс да ја скрои платата на Фирпо и должината на договорот за да биде прво летно засилување на „Еланд роуд“.

Со овој трансфер премиерлигашот му ја одреди судбината на Езѓан Алиоски, кој уште само неколку дена официјално ќе биде член на клубот ако се знае дека договорот му истекува на 30 јуни. Управата долго време чекаше одговор од Џани дали ќе ја продолжи соработката, но се чини дека тоа нема да се случи, па македонскиот бек ќе тргне во нова авантура.

Џани има неколку понуди од Турција и мора во најскоро време да донесе одлука што ќе му биде најдобра за неговата кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести