Лидс и Алиоски сега имаат повеќе порази отколку победи во Премиер лигата

Езѓан Алиоски со својот Лидс загуби на гостувањето кај Брајтон со 2-0 и сега тимот на Марсело Бјелса има повеќе порази (15) отколку победи (14) во англиското првенство.

Гроз со пеналот во 14-тата минута им донесе водство на Галебите, по што Лидс во вториот дел тргна поофанзивно со цел да дојде до евентуално израмнување. Ризикот не се исплатеше, Алиоски не се врати на теренот во вториот дел, му го отстапи местото на Поведа, но Брајтон на десетина минути пред крајот ја завери победата преку Велбек.

https://twitter.com/EnElVar/status/1388518464130854915

- Оглас -

Најнови вести