Лидс купува топ стрелец од Серија А во битката за пласман во Премиер лигата

СПАЛ ја одби првичната понуда на Лидс од 15 милиони евра за ангажман на Андреа Петања, но клубот од Јоркшир не се откажува и понуди плус 7 милиони евра за еден од топ стрелците во Серија А минатата сезона.

Петања играше одлично за СПАЛ и со 16 голови го подели шестото место на листата со најдобри стрелци во Калчото зад Квалјарела, Запата, Пјонтек, Роналдо и Милик.

Сега на ред е СПАЛ да одлучи дали ќе го продаде Петања, кој ја играше минатата сезона за СПАЛ како позајмен играч, но клубот од Ферара го откупи неговиот договор со Аталанта пред еден месец.

За Лидс игра нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, а ланската сезона на патотот кон промоција во Премиер лигата им застана Дерби каунти во полуфиналето од плејофот за последното место во елитата.

Сега Марсело Бјелса не сака да дозволи нов кикс, па со ангажман на Петања, Лидс веројатно ќе биде и прв фаворит за врвот на табелата во Шампионат лигата.

- Оглас -

Најнови вести