Лига на шампиони во живо: Блиц-криг на Баерн во Амстердам за прво место (Видео)

90-та минута – Гооооооол, Кингсли Коман му обезбеди прво место на Баерн, а гостите набрзина направија пресврт и водат со 3-2.

86-та минута – Гооооооол, Роберт Левандовски израмни на 2-2 во Амстердам и сега Баерн е повторно прв во групата.

82-ра минута – Гооооооол, Душан Тадиќ е прецизен од белата точка, Ајакс води со 2-1 против Баерн Минхен и ако ја задржи предноста, ќе го освои првото место во групата пред Баварците.

80-та минута – Гооооооол, Паоло Дибала е прецизен и намали на 2-1 против Јанг бојс.

68-ма минута – Гооооооол, Жијом Оро беше прецизен по вторпат и му донесе на Јангбојс одлична предност од 2-0 против Јувентус.

65-та минута – Гооооооол, Набил Фекир постигна златен гол за Лион за 1-1 против Шахтар, резултат што им носи пласман понатаму на „лавовите од ’Жерлан’“

61-ва минута – Гооооооол, Лерој Сане за предност на Манчестер сити од 2-1 против Хофенхајм. Втор гол за германскиот репрезентативец.

47-ма минута – Автогол на Фил Џонс за водство на Валенсија со 2-0 против Манчестер јунајтед. Дури сега се гледа колку бил вреден погодокот на „црвените ѓаволи“ во 92-рата минута против Базел во претходното коло.

45-та минута – Гооооооол, Лерој Сане постигна еврогол од слободен удар во послендите моменти на „Етихад“ и израмни на 1-1. Бауман беше немоќен, иако се обиде да реагира.

30-та минута – Гооооооол, Жијом Оро беше прецизен од белата точка за предност на Јанг бојс против Јувентус.

22-ра минута – Гооооооол, Жуниор Мораеш го носи Шахтар многу блиску до настап во нокаут-фазата во Лигата на шампионите. Повторно проработе врската Исмаили – Мораеш, а Украинците имаат 1-0 против Лион.

17-та минута – Гооооооол, Карлос Солер е во одлична форма, тој е стрелец на првиот гол на мечот меѓу Валенсија и Манчестер јунајтед, а „лилјаците“ водат со 1-0.

16-та минута – Гооооооол, Андреј Крамариќ погоди од пенал за предност од 1-0 на Хофенхајм против Манчестер сити. Гостите се надеваат на подвиг и пласман во Лигата на Европа.

13-та минута – Гооооооол, Роберт Левандовски го доведе Баерн Минхен во водство на гостувањето кај Ајакс.

Од 21 часот започнаа и преостанатите шест средби со кои ќе се комплетира групната фаза во Лигата на шампиони.

73-та минута – Гооооооол, Арнор Сигурдсон ја затресе мрежата на Тибо Куртуа, ЦСКА води во Мадрид со 3-0 и на Реал му се заканува бродолом на „Сантијаго Бернабеу“.

72-ра минута – Гооооооол, Томас Чори постигна водечки гол за П’лзењ, а Чесите повторно се блиску до пласман во Лигата на Европа и водат против Рома со 2-1.

68-ма минута – Гооооооол, Ундер брзо одговори на предизвикот на чешкиот состав и само шест минути подоцна израмни на 1-1 против П’лзењ.

https://www.dailymotion.com/video/x6yuqt4

62-ра минута – Гооооооол, Јан Коварик беше прецизен за П’лзењ и чешкиот тим води со 1-0 против Рома и е блиску до посакуваниот настап во Лигата на Европа.

Талентираниот напаѓач на ЦСКА Москва, Федор Чалов, постигна гол што ќе го памети на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид, а потоа во листата на стрелците се запиша и Георги Шеников за шокантен резултат од 2-0 за рускиот тим против актуелниот европски првак.

Реал Мадрид е пласиран во нокаут-фазата, а ЦСКСА бие битка за продолжување на евронастапот, но во Лигата на Европа.

https://www.dailymotion.com/video/x6yup0r

На вториот меч од 18.55 часот меѓу П’лзењ и Рома нема голови по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести