Лигата на Европа останува без имењаците од Загреб и Киев

6023 Динамо Загреб – Тотенхем (18.55 часот)

Англискиот тим ја оправда фаворитската улога на првиот меч и победи со 2-0, со два гола на Кејн, па вечерва во Загреб треба рутински да го одработи влезот во четвртфиналето. Динамо е разнишан по ненадејното заминување на тренерот Мамиќ кој треба да оди во затвор, и тешко дека ќе направат чудо. Адеми, Ристовски и другарите нема да се предадат однапред, но Мурињо нема да дозволи опуштање, иако Тотенхем ќе биде ослабен со неиграњето на Кореецот Сон и Хојбјерг, и фактот што денеска ќе пристигнат во Загреб, на неколку часа пред мечот.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.98)

 

6021 Шахтар – Рома (18.55 часот)

Рома го надигра украинскиот тим со 3-0 на првиот меч, па пред Шахтар е речиси невозможна мисија да се пласира во следната фаза. Италијанскиот тим нема да смета на Мхитарјан, Верету, Смолинг и Ѕаниоло, но има доволно добри замени за нив, за да не мора да стравува. Ова се тимови кои во последно време ретко играат нерешено, а и во нивните меѓусебни дуели никогаш не било реми, може да се очекуваат голови на двете страни. Шахтар нема што да загуби, викендов победи со 4-0 во украинската лига.

Предлог тип: ГГ (1.55)

 

6025 Милан – Манчестер јунајтед (21.00 часот)

За разлика од првиот меч на „Олд Трафорд“ кој заврши 1-1, сега во составот на Милан ќе биде и Ибрахимовиќ, и тој е главниот адут на Росонерите против неговиот поранешен клуб во дербито на Лига Европа. Милан на „Сан Сиро“ нема победено уште од 7 февруари, а Јунајтед е опасен гостин кој на последните четири меча на гостински терен не прими ниту еден гол. Тука сите три знаци за конечен тип се можни, затоа предлагаме да се типува на тврд меч со прилично малку голови.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.70)

 

6027 Вилјареал – Динамо Киев (21.00 часот)

Вилјареал изненади со победата од 2-0 на гостувањето во Киев, и тоа е резултат кој за Жолтата подморница треба да значи пласман понатаму. Двата тима се некомплетни, Динамо ќе се обиде да направи голем пресврт во двобојот, но тренер на Вилјареал е Унаи Емери, човек кој со Севилја трипати ја освои Лига Европа и знае како е да се играат вакви мечеви. Овие клубови трипати играле меѓусебе и секогаш било со 0-2 гола.

Предлог тип: Х (4.00)

 

6026 Јанг Бојс – Ајакс (21.00 часот)

Ајакс извојува убедлива победа од 3-0 во првиот дуел, со три гола во последните половина час игра на средбата. Тоа треба да биде доволно за пласман понатаму. На Јанг Бојс не му оди најдобро во последно време ниту во швајцарската лига, каде има четири нерешени игри по ред и притоа секогаш и даваа и примаа гол. Ајакс е незгоден гостин, кој сигурно дека може да победи и на реваншот.

Предлог тип: 2 (2.10)

- Оглас -

Најнови вести