Четворица разбојници се уапсени во Каиро, а при обидот за кражба тие го криеле идентитетот и користеле маски со ликот на фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах. Напаѓачите биле вооружени, но полицијата ги совладала и ги уапсила.
Крадците сакале да ограбат продавница на една од главните улици во главниот град на Египет и се обиделе тоа да го направат камуфлирани со маски со ликот на Салах, кој е голема ѕвезда во својата земја. Откако не успеале, почнале да бегаат, но брзо биле совладани.
Салах засега не се огласи по повод случајов.