Лилјаците од Валенсија му го чуваат тронот на Кралот од Мадрид

Реал Сосиедад не успеа да се врати на врвот на табелата во Ла Лига по ремито без голови вечерва против Валенсија.

Гостите дури можеа и да слават бидејќи играат со фудбалер повеќе од 76-тата минута, кога беше исклучен Елустондо, но не успеаја да ја искористат предноста и да си заминат со бодови од култната „Аноета“.

Но и со реми му направија услуга на Реал Мадрид и му го сочуваа тронот на Кралот од Мадрид, кој е лидер со 30 бода, еден повеќе од Реал Сосиедад, и тоа со меч помалку.

Валенсија има 18 бода и е на десеттото место во Ла Лига по 14 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести