3.8 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Лина Ѓорческа во Мелбурн ќе се обиде да направи ново мало чудо, квотата е одлична

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ноќеска го продолжува предизвикот да се обиде да стигне до главниот турнир на првиот граслем во годината, Отвореното првенство на Австралија. Ѓорческа, која е на 205-тото место на ВТА-листата, одлично ги започна квалификациите и со чисти 2:0 ја елиминира Австријката Сиња Краус, која е 108-ма на ВТА-листата.

Словенката Тамара Зиданшек, која е 158-ма на ВТА-листата, е следниот противник на Ѓорческа. Зиданшек е тенисерка која во 2022 година играше и во полуфиналето на Ролан Гарос, а на Отвореното првенство на Австралија најголемиот успех го има со пласманот во третото коло на главниот турнир.

Ѓорческа ќе ја има аутсајдерската улога, но така беше и на мечот против Краус, но сепак македонската тенисерка победи со 7:5 и 6:0. Се надеваме дека така ќе биде и ноќеска на дуелот против Зиданшек.

Ако ја мине и Словенката, Лина ќе го повтори успехот од 2017 година, кога стигна до третото квалификациско коло и беше на чекор од влез на главниот турнир. Сега повторно е на две победи од историски пласман на главниот турнир во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести