Лион бара реваншот со Јувентус да се игра на неутрален терен

Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола, побарал од УЕФА реванш-дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Јувентис да не се игра во Торино, туку на неутрален терен, но барем засега добива негативен одговор.

Ситуацијата во северниот дел на Италија, каде што е Торино, засега е таква што се забрануваат поголеми собири на јавни места, а викендов се откажа дербито Јувентус – Интер. Интер одигра еден европски меч без публика, против Лудогорец, па сега и на Јуве му се заканува истата судбина, па на дуелот со Лион, на кој ќе брка негатива од 0-1, да нема поддршка од трибините, што би било минус за италијанскиот првак.

Мечот Јувентус – Лион е закажан за 17 март.

„УЕФА ќе одлучи, но има нови моменти во однос на времето кога се играше првиот дуел. Младиот тим на Јувентус, кој игра во Серија Ц, е во карантин, а четворица од нив тренираат со првиот тим. Се надеваме на позитивен одговор од УЕФА и дека ќе се игра без публика. Во најлош случај, треба да играме на неутрален терен“, рече Ола.

Од УЕФА рекоа дека во моментов нема никави промени и дека ситуацијата со вирусот се следи будно. Одлуката дали средбата од ЛШ во Торино ќе се игра без или со публика, ќе се донесе во координација со локалните власти и препораките на Светската здравствена организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести