Лион дури сега ќе биде оштетен: Реал го краде „дијамантот“ на Лавовите

Олимпик Лион за првпат по 23 години нема да се појави на европската сцена. Сезоната во Лига 1 се откажа, а како седмоплсирани на табелата Лавовите не обезбедија учество ниту во ЛШ, ниту во ЛЕ, што дополнително ќе го оштети клубот покрај што веќе владее финансиска криза поради пандемијата со корона-вирусот.

Имено, неколку играчи на Лион во своите договори имаат клаузули кои им дозволуваат да се преселат во други клубови доколку не играат во Европа. Еден од нив е талентираниот тинејџер Рајан Черки, од кого се очекуваше да биде иден лидер на Лион, меѓутоа по сите изгледи тоа нема да се случи. Реал Мадрид тргна по потписот на 16-годишниот офанзивец кој дури оваа сезона дебитираше за првиот тим и воедно стана најмлад стрелец во историјата на Лион.

Черки забележа вкупно 12 настапи за сениорскиот состав и постигна три гола во францускиот куп, а посебно се истакна во младинската Лига на шампиони со пет погодоци во четири средби, јасно е дека се работи за посебен талент. На трансфер пазарот Черки вреди 18 милиони евра иако дури во август ќе полни 17 години, Кралевите и во вакви услови не би имале проблем да го обезбедат неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести