Лион и Баерн денеска пак ќе играат во ЛШ, улогите сега се комплетно променети

Лион и Баерн повторно ќе играат нокаут меч во завршница на Лигата на шампионите, но овојпат во женска верзија со комплетно променети улоги.

На „Сан Мамеш“ во Билбао денеска од 20 часот Лавиците на Лион се големи фаворити против вицешампионките на Германија во четвртфинален нокаут меч во луксузното натпреварување.

Машките екипи веќе играат и тоа полуфинале во Лисабон, а фаворитот Баерн победи со 3:0 и утреќе игра за титулата европски првак против Пари Сен Жермен.

Вечерва Лион е фаворит и тоа апсолутен и според коефициентите во Sport Life, победата на францускиот првак и актуелен европски шампион вреди 1.30. Ремито, или да има продолженија е со коефициент 4.85, а подвиг и триумф на Баерн има квота од 8.25.

Лавиците од Жерлан одат на петта едноподруго победа во Лигата на шампионите, подвиг што го нема ниту една екипа на светот.

Лион е и рекордер според бројот на освоени европски круни, ги има вкупно шест на првото место на вечната листа со победници во женската Лига на шампиони.

Баерн ќе се обиде да изненади на патот до првата и историска за нив шампионска круна во елитното европско клупско натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести