Очекувани, но и неколку изненадувачки беа постигнати во првиот дел од денешната програма во Лигата на Европа. едно од најголемите изненадувања го направија фудбалерите на Макаби Тел-Авив, кои како гости, но на неутрален терен го совладаа Бешикташ со 1-3.
Овој натпревар требаше да се одигра во Истанбул, но поради воените дејствија на Блискиот Исток и негативната атмосфера кон Израел во Турција, се одигра во Унгарија.
Изненадување е и ремито на Лацио против Лудогорец на домашен терен, 0-0, како и нерешеното на дуелот помеѓу Андерлехт и Порто.
Фудбалерите на Лион полесно од очекуваното славеа над Карабаг на гости со 1-4, додека очекувана победа забележа и Атлетик Билбао на домашен терен против Елфсборг со 3-0.
Резултати:
Андерлехт – Порто 2-2
Атлетик Билбао – Елфсборг 3-0
АЗ Алкмар – Галатасарај 1-1
Бешикташ – Макаби Тел-Авив 1-3
Динамо Киев – Плзен 1-2
Лацио – Лудогорец 0-0
Карабаг – Лион 1-4
РФС – ПАОК 0-2