Литванија ја доби драмата со Американците и си закажа четвртфинална пресметка со Србија

Кошаркарската репрезентација на Литванија ја оствари најголемата победа на Светското првенство, ја совлада селекцијата на САД со 110:104. Ова беше дуел на непоразените селекции, а Литванија со победата го освои првото место во групата Ј и си закажа четвртфинална пресметка со Србија.

САД како второпласиран во својата група, во четвртфиналето ќе игра против Италија која беше прва во групата И.

Литванците беа фантастични во првата четвртина која ја добија со дури 19 поени разлика (31:12). Во втората четвртина, Американците се созедоа од шокот и успеаја да бидат рамноправни, но и да го најават враќањето во игра.

Третата четвртина ја добија со 28:17 и во пресрет на последните 10 минути дојдоа до едноцифрена негатива (65:71). Последната четвртина помина во обиди на Американците да направат пресврт, во последната минута, дојдоа до минус пет (105:100), по што се влее во пенал завршница до крајот. На крајот, Литванците со поените на седум секунди ги решија дилемите околу победникот.

Кај Литванија, шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а највеќе даде Кариниаускас 15, додека поен помалку постигна Кузминскас.

Во редовите на САД блескаше Ентони Едвардс со 35 постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести