Селекцијата на Литванија ја совлада Словенија во убедливи 100:84 и ќе игра против Летонија за петтото место на Светското првенство.
Литванците доминираа во текот на сите 40 минути и им оддржаа кошаркарска лекција на Лука Дончиќ и словенечките кошаркари.
Првата четвртина, Литванија ја доби со убедливи 33:21 која и овозможи мирно го приведе првото полувреме и на одмор замина со двоцифрена предност (53:43). Во третата четвртина, Литванците го одбија обидот на Словенија да фати резултатски приклучок со што последните 10 минути рутински ги одработе за убедлива победа од 100:84.
Една од клучните причини за триумфот на Литванија беше одличнио шут за три поени, избраниците на селекторот Казис Максвитис постигнаа 14 тројки од 25 обиди.
Јонас Валанчиунас со 24 поени и 12 скока беше најдобар на теренот, Игнас Браздеикис постигна 15, а Кузминскас и Сирвидис дадоа по 14 поени за Литванија.
Во таборот на Словенија, вообичаено Лука Дончиќ со 29 поени беше најефикасен, а се истакна и Алексеј Николиќ со 14 поени.
Литванија ќе игра со Летонија во меч за петтото место, додека Словенија и Италија ќе играат за седмото место в сабота.