Кошаркарската репрезентација на Литванија се соочува можеби со најтешкиот период од осамостојувањето. Литванците беа дел од Европското првенство, но беа елиминирани во осминафиналето од Шпанија, и тоа дури по продолжение од пет минути.
За Литванците ова е најлош пласман на ЕП, а директорот на Кошаркарската федерација, Миндаугас Балчијунас, вели дека нема да има промена на селекторското место, а никако тоа не смее да биде странец.
„Казис Максвитис за првпат беше селектор на репрезентацијата, а ние видовме колку е тој добар, колку го сакаат играчите. Ние немаме многу тренери, а во текот на шампионатот константно разговаравме со Максвитис и му рековме дека веруваме во него. Имаме млад тим, а праксата покажува дека резултатите треба да стигнат по три години работа. Нема шанси да бараме странец, тоа би било капитулација. Тоа би било против сè што досега е направено во историјата на литванската кошарка“, вели првиот човек на литванската кошарка, Миндаугас Балчијунас.