Литванија ја декласира Канада со 92:69 и ја елиминира селекцијата што ја предводи тренерот на НБА-шампионот Торонто репторс, Ник Нурс.
Литванците со атрактивна игра во нападот и со цврста одбрана уште од стартот на мечот покажаа која селекција е подобра, а предноста од 10 поени разлика по првиот период умешно ја одржуваа и ја зголемуваа. Имаа дури шестмина кошаркари со двоцифрен учинок, а до втората победа на Мундијалот во Кина ги предводеа Валанчиунас и Уљановс со по 13 поени.
Тандемот центри Валанчиунас и Сабонис имаа вкупно 16 скока, а и тука битката ја добија Литванците. Кај Канада, на мечот најефикасен беше Кајл Вилтјер со 24 поени, но и тоа не беше доволно да се избегне вториот пораз и елиминацијата од Мундијалот во Кина во раната фаза. Кори Џозеф беше втор стрелец на мечот во таборот на Канада со 15 поени.