Ливаковиќ со парада на годината ја одбрани сензационалната победа на Динамо (Видео)

Динамо Загреб приреди првокласна сензација со победа од 3:0 и елиминација на Тотенхем во осминафиналето во Европа лигата, а покрај стрелецот на трите погодоци, Мислав Оршиќ јунак беше и голманот Доминик Ливаковиќ, но и сите играчи што настапија во двомечот со англискиот гигант.

Стартери беа и двајцата македонски репрезентативеци, капитенот на Динамо, Аријан Адеми и десниот бек Стефан Ристовски, кои имаа огромен придонес за вкупната победа од 3:2 и пласманот во четвртфиналето.

Оршиќ постигна хет-трик со три импресивни голови, а победата ја одбрани извонредниот голман на Динамо, Доминик Ливаковиќ во 116. минута. Со рефлексна интервенција на гол-линијата спаси чист гол, што ќе занчеше пласман понатаму на Тотенхем.

https://twitter.com/LosBlancoEhsan/status/1372644404750544899?s=20

Динамо ќе ја чека утрешната ждрепка за четвртфиналето во Европа Лигата, од 13 часот во Нион, Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести