Ливерпул без „болниот“ Дејан Ловрен замина во Истанбул

Калчолигашот Рома нуди 18 милиони евра за Дејан Ловрен, хрватскиот дефанзивец кој е член на Ливерпул, но го нема на листата на фудбалери кои утре против Челзи на стадионот на Бешикташ во Истанбул ќе играат европски Суперкуп.

Од Ливерпул информираа дека Ловрен не отпатувал за Истанбул поради болест. Овој 30-годишен играчи можеби веќе никогаш нема да заигра за Црвените бидејќи за него се интересира Рома, која нуди 15 милиони фунти.

Ловрен, кој пет години е во Ливерпул, по повредите го загуби местото стандарден стартер и предност имаат Матип и Џо Гомес покрај незаменливиот Ван Дајк, дури и Фабињо може да игра во одбраната, па Ловрен е заинтересиран за преселба во Серија А, каде што би имал многу поголема минутажа, а и би бил поблиску до дома. И во минатата сезона Ловрен играше помалку од Матип и Гомес, а го немаше во тимот ниту во првото коло против Норвич.

- Оглас -

Најнови вести