Ливерпул без капитенот на реваншот против Атлетико?

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, поради повреда на задниот дел на бутниот мускул, ќе треба да паузира околу три недели, информираа од премиерлигашкиот клуб. Ливерпул е на пат да ја освои титулата во Премиер лигата, но има цел и да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите. Сепак, во реваншот од осминафиналето против Атлетико Мадрид, мали се шансите Хендерсон да биде во составот.

Најавената пауза од три недели значи 21 ден или тука некаде, а дуелот со шпанскиот тим е за 19 дена. Дури и да закрепне дотогаш, Хендерсон не би бил во потребната форма и ритам, па веројатно не би ризикувале со него на таков напорен меч на кој ќе се брка победа од два гола разлика.

- Оглас -

Најнови вести