18.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Ливерпул доминира во тимот на сезоната во Премиер лигата (фото)

Очекувано, Ливерпул доминира со претставници во најдобриот тим за сезоната 2019/20 во Премиер лигата. Шампионот има петмина играчи во најдобрата „11-ка“, тоа се Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд, Ендру Робертсон, Џордан Хендерсон и Садио Мане.

Во најдобриот состав се најдоа уште ѕвездата на Манчестер сити Кевин де Бројне, кој беше избран за најдобар играч, како и легендата на Граѓаните, Давид Силва. Во дефанзивната четворка место доби Чаглар Сојунчу од Лестер, а Ник Поуп е на позицијата голман пред златната ракавица на Англија, Едерсон.

Со Мане во нападот се Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал и златната копачка Џејми Варди од Лестер.

- Оглас -

Најнови вести