Кевин Де Бројне избран за најдобар фудбалер во ПЛ за сезоната 2019/20

Кевин Де Бројне, ѕвездата на Манчестер сити, е избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата за сезоната 2019/20, од страна на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија.

Трета година по ред Асоцијацијата ја доделува оваа награда на играч кој не е шампион во актуелната сезона. Во претходните две сезони Манчестер сити ја освојуваше титулата, а индивидуалното одличје завршуваше во рацете на Мо Салах, односно Вирџил Ван Дајк.

Сега кога Ливерпул е првак и имаше свои играчи во конкуренција за оваа награда, истата е доделена на белгиската ѕвезда која блескаше во најчудната сезона која се одигра.

Де Бројне одигра 35 меча во изминатата сезона во која реализира 13 погодоци и асистираше во 20 наврати, израмнувајќи го рекордот на Тиери Анри по бројот на асистенции во англиското првенство.

Наградата за најдобар млад играч заврши во рацете на Трент Александер-Арнолд, десниот бек на Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести