Ливерпул е елиминиран, а Арне Слот вели: Ова беше најдобриот меч во којшто сум учествувал

Ливерпул го заврши настапот во Лигата на шампионите, и тоа откако на домашен терен на „Енфилд роуд“ загуби од Пари Сен Жермен. Англискиот гигант имаше предност од 1:0 по првиот меч во Париз, но дома загуби со 0:1, па мораше да се играат продолженија, а потоа, откако немаше голови, патникот во четвртфиналето се решаваше на пенали.

Во пенал-рулетот ПСЖ ги погоди сите четири пенали, а Ливерпул промаши два од трите пенали, па на крајот францускиот првак беше подобар со 4:1 и продолжи понатаму. Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, беше разочаран што неговиот тим е елиминиран, посебно ако се знае дека беше најдобар по групната фаза.

И покрај елиминацијата на Ливерпул, Слот вели дека ова било најдобриот меч на којшто учествувал, а бил дел од над 700 натпревари како тренер и како играч.

„Ова беше најдобриот меч во којшто сум учествувал. Имавме неверојатен настап, посебно ако се спореди со дуелот од минатата недела. Создадовме многу шанси, посебно во првите 25 минути, а потоа примивме гол и бевме во негатива од 0:1. Едноставно, останавме без среќа на овој дуел. Не е фер да бидеме елиминирани во оваа фаза од натпреварувањето. Вообичаено е ваков ривал да добиете во полуфинале или во финале, но, за наша несреќа, се сретнавме со ПСЖ, кој е еден од најбогатите клубови во светот. Мислам дека не заслуживме да загубиме“, рече Слот по елиминацијата на „Енфилд роуд“.

- Оглас -

Најнови вести