Ливерпул го чека првиот триумф во 2019 година

Брајтон – Ливерпул (16 часот)

Не може Ливерпул да ја отвори 2019 година со три порази во низа, тоа нема да го дозволи Јирген Клоп. „Црвените“ денес гостуваат кај Братојн во рамките од 22. коло во Премиер лигата, што е добра шанса за екипата од „Енфилд“ да се опорави од поразите од Сити и Вулвс. Брајтон е редовен „пациент“, Ливерпул излегувал како победник на сите пет досегашни меѓусебни пресметки, а денес се очекува да слават и по шести пат во низа.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 3+ (2.70) – квота на денот

 

Челзи – Њукасл (18.30 часот)

Челзи има шанса да забележи две победи против Њукасл во една сезона за првпат по сезоната 2007/08. „Сините“ од Лондон повеќе од една деценија не оствариле двојна победа над „чавките“, а нивната прва меѓусебна средба сезонава заврши со 2-1 во корист на фудбалерите на Маурисио Сари. Челзи веќе две средби во низа е без постигнат гол на „Стемфорд бриџ“, а денес имаат убава можност да го скршат тој малер.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.91) – квота на денот

 

Валенсија  – Валјадолид (16.15 часот)

Турбулентната сезона на Валенсија продолжи и во 2019 година. „Лилјаците“ никако да ја најдат победничката форма од лани, па слабите резултати на половина од сезоната ги доведоа да бидат поблиску до зоната за испаѓање отколку при врвот во Ла Лига. Со 22 бода, ги делат само три бода од црвената зона, односно 18-то пласираниот Рајо Валјекано.

Валјадолид е тим против кого ќе можат да го оправдаат пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Шпанија за изминатата сезона.

Предлог тип: 1X 3-5 (2.60) – квота на денот

 

Амиен – ПСЖ (17 часот)

ПСЖ има една обврска помалку, „светците“ пред неколку дена претрпеа елиминација од Лига купот на Франција, па сега можат да се фокусираат да останат непоразени во шампионатот. Рецептот за победа против Амиен им е познат, во првиот нивен дуел сезонава ПСЖ со 5-0 го растури тимот од северниот дел на Франција.

Предлог тип: Т2 1+ & 2>1 (2.07)

 

Болоња – Јувентус (20.45 часот)

Заврши зимскиот распуст за калчолигашите, а нивна прва обврска се осминафиналните средби од Купот на Италија. Актуелниот бранител на трофејот, тимот на Јувентус, го започнува походот кон петтиот последователен пехар во Купот со гостување кај Болоња, екипа која ја предводи екснапаѓачот на „старата дама“, Филипо Инзаги.

Болоња од 1998 година нема славено против Јувентус на свој терен, 20 години подоцна нема ништо да се смени. Јуве е фаворит за освојување на трофејот, исто и на овој меч, па фудбалерите на Макс Алегри немаат право на грешка, оваа традиција мора да продолжи. Во Серија А бројат пет последователни победи против Болоња, но на истите средби не ја погодиле мрежата повеќе од три пати.

Предлог тип: 2 & 2-3 (2.65)

- Оглас -

Најнови вести