Ливерпул го одложи одбележувањето на трагедијата од Хилсборо

На 15 април 1989 година се случи една од најголемите фудбалски трагедии откако 96-мина навивачи на Ливерпул го загубија животот за време на полуфиналето на ФА купот помеѓу Ливерпул и Нотингам форест. Затоа Ливерпул во секоја од претходните 30 години, на 15 април го одбележува најцрниот ден во својата историја. Но, поради Коронавирусот, годинава церемонијата нема да се одржи на тој датум.

Од Ливерпул не знаат кога ќе се одбележи датумот бидејќи ништо не зависи од нив.

Инаку, по трагедијата на стадионот „Хилсборо“, на англиските стадиони беа извадени оградите. До трагедијата дојде затоа што трибината која и онака беше преполна, дополнително се пренатрупа со фанови, па многумина беа смачкани и загубија воздух. Освен починатите 96 фанови на Ливерпул, имаше и 766 повредени.

- Оглас -

Најнови вести