Ливерпул го победи Реал Мадрид во меч на кој двете најголеми ѕвезди промашија пенал (Видео)

Ливерпул со 2:0 го победи Реал Мадрид во големото дерби од петото коло во фудбалската Лига на шампиони. Со оваа победа Ливерпул останува да е единствениот тим со перфектен скор во Лигата на шампиони. Гилагтот од Енфилд роуд има максимални 15 бодови, додека Реал Мадрид остана на само шест бодови од пет мечеви.

По првото полувреме немаше погодоци, а Ливерпул тргна офанзивно на почетокот од вториот дел и тоа резултираше со погодок. По една добра акција со многу пригрувања, Алексис Мекалистер погоди за голема радост на домашните фанови на „Енфилд роуд“.

Во 61 минута беше досуден пенал за Реал Мадрид, а Килијан Мбапе ја превзема одговорноста да шутира од белата точка. Голманот на Ливерпул, Келер успеа да го процени шутот и да одбрани. Пеналот на Мбапе може да го видите ТУКА.

Само неколку минути по промашениот пенал на Реал, на спротивната страна Мохамед Салах беше фаулиран и беше досуден пенал за Ливерпул. Салах реши самиот да го изведе пеналот, но биеше непрецизно и топката заврши во гол-аут, па резултатот остана 1:0.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 77 минута кога Коди Гакпо со глава погоди за 2:0.

Борусија Дортмунд стави крај на низата од три меча без пораз во ЛШ на Динамо Загреб. Милионерите беа сигурни и се радуваа на триумф од 3:0 на „Максимир“ за четвртата победа во елитното друштво.

Бенфика со пресврт во второто поливреме стигна до трите бода на гостувањето кај Монако. Домашниот тим водеше со 1:0 на полувреме, потоа имаше предност и од 2:1, но до крајот на дуелот Бенфика стигна до пресврт и триумф од 3:2.

Со пресврт се радуваше и ПСВ и тоа откако на полувреме губеше со 0:2 од Шахтар, а на крајот стигна до триумф од 3:2.

Резултати од денешните мечеви: Астон вила – Јувентус 0:0, Болоња – Лил 1:2, Селтик – Бриж 1:1, Динамо Загреб – Борусија Дортмунд 0:3, Ливерпул – Реал Мадрид 2:0, Монако – Бенфика 2:3, ПСВ Ајндховен – Шахтар 3:2, Црвена ѕвезда – Штутгарт 5:1, Штурм – Жирона 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести