24.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Ливерпул го прегази Тотенхем за финале во Лига купот (Видео)

Ливерпул чекори силно кон трофеите оваа сезона. Тимот на Арне Слот ќе игра во финалето на Лига купот откако го прегази Тотенхем со 4-0 на „Енфилд“, лесно надоместувајќи ја негативата од 0-1 по првиот меч.

Во финалето на „Вембли“, Ливерпул ќе ги одмери силите со Њукасл.

Коди Гакпо го отвори резултатот во 34-тата минута, а Мохамед Салах од пенал зголеми на 2-0 на почетокот на вториот дел.

Собослаи го постигна третиот гол во 75-тата минута, а пет минути подоцна погоди и Вирџил ван Дајк.

- Оглас -

Најнови вести