Екипата на Ливерпул е пред потпис со Мојсес Каиседо од Брајтон, трансфер кој треба да биде историски во британскиот фудбал. Според најавите од Англија, дефанзивниот играч за врска треба да го комплетира договорот со гигантот од „Енфилд роуд“, и тоа за трансфер од неверојатни 127 милиони евра.
Доколку се случи Каиседо да дојде во Ливерпул за 127 милиони евра, тоа ќе биде најскапиот трансфер во Премиер лигата. Актуениот рекорд за трансфер на еден играч во англиското првенство е на Деклајн Рајс, кој летово за 117 милиони евра од Вест хем се пресели во Арсенал.
Каиседо цело лето се најавуваше дека треба да направи трансфер во Челзи, а Брајтон ги одбиваше понудите на Сините од 80, 90 и 100 милиони евра за сега да се појави Ливерпул со понуда од 127 милиони евра.
BREAKING: Liverpool submitted their official bid for Moisés Caicedo tonight and Brighton are set to accept! 🚨🔴#LFC bid, set to break English transfer record — up to £110m total fee.
Moisés Caicedo will become Liverpool player on Friday, if all goes to plan. pic.twitter.com/cjZV2te10g
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 11, 2023
Ливерпул долго време е во потрага по играч од средниот ред, а со евентуалното доведување на Каиседо, ќе го реши овој проблем на подолг период затоа што еквадорскиот репрезентативец има само 21 година.
„Уште не можам да потврдам дали Каиседо ќе дојде во Ливерпул. Останува да видиме“, кратко коментираше тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.