Фудбалерите на Ливерпул имаа победнички старт на 2024-тата година, откако на домашен терен го совладаа Њукасл со 4-2 и само се зацврстија на врвот од Премиер лигата. „Црвените“ сега имаат три поени повеќе од Астон вила и плус пет од Манчестер сити, кој има и меч помалку.
Откако во првото полувреме немаше голови на „Енфилд роуд“, вистинска голеада следуваше во вториот дел. Мохамед Салах уште во 49-тата минута го отвори резултатот и го донесе Ливерпул во водство од 1-0.
Кога се чинеше дека само прашање на време е кога Ливерпул ќе го зголеми водството, Александер Исак во 54-тата минута израмни на 1-1 и внесе неизвесност во мечот која траеше се до 74-тата минута кога Куртис Џонс повторно го носи Ливерпул во водство.
Само четири минути подоцна, Ливерпул дојде до водство од два разлика, откако Коди Гакпо зголеми на 3-1. Њукасл не се предаде и во 81-вата минута преку Свен Ботман намали на 3-2.
Конечните 4-2 за Ливерпул беа дело на Мохамед Салах од пенал во 86-тата минута. Иако египќанецот во првиот дел не успеа да го совлада Дубравка, сепак повторно ја презеде одговорноста и не погреши, бидејќи дојде до својот 151-ви премиерлигашки погодок.