Договорот на Серж Гнабри со Баерн Минхен завршува налето, па германскиот репрезентативец ќе биде слободен агент. Интерес има од Ливерпул и Јувентус, два великани кои ќе водат голема битка за неговиот потпис.
Сепак, проблем може да претставува платата. Гнабри во Баерн Минхен заработува по 20 милиони евра годишно бруто износ, а ниту Ливерпул, ниту Јувентус, во моментов не се подготвени да платат таква сума.
„Црвените“ иако се финансиски стабилни, не е својствено за нив да нудат толку големи плати, додека Јувентус веќе долго е под лупа за финансиското работење.
Веројатно и Баерн Минхен нема така лесно да се откаже од услугите на Гнабри и ќе се обиде да го продолжи договорот со фудбалерот кој во Баварија пристигна од Вердер Бремен пред осум години за сума од осум милиони евра.

