Речиси еден месец помина од последната победа на Ливерпул. Англискиот првак има три порази по ред што е многу необично, но тренерот Арне Слот вели дека е дојдено време повторно да има радост кај фановите на англискиот гигант.
Ливерпул губеше со 2:1 од Кристал Палас и Челзи во првенството на Англија, а загуби и на гости кај Галатасарај во Лига на шампиони. Сега, следен предизвик за Ливерпул е големото дерби против Манчестер јунајтед кое се игра утре на „Енфиолд роуд“.
Тренерот Слот вели дека токму против Манчестер треба да се покаже реакција и д асе стигне до победа.
„Нема значење кој е нашиот следен ривал. Кога си фудбалер на Ливерпул и си загубил три меча по ред, едноставно треба да реагираш. Сега е време да покажеме карактер. Со нетрпение го чекаме мечот против Манчестер јунајтед. Тој е еден од најгледаните дуели во светот и секогаш носи посебен шмек. Верувам дека ќе имаме голема поддршка и од нашите навивачи“, вели Слот.