Ливерпул ја одреди цената за Мане

Садио Мане е едно од најпосакуваните засилувања за тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, но Ливерпул својот играч нема намера да го ослободи за помалку од 130 милиони евра. Промените во Реал летово ќе бидат прилично големи, а Зидан во своите редови побара да му биде донесен Мане.

Наводно, Реал за полесно да го добие 26-годишниот Мане, е подготвен во Ливерпул да го испрати Рафаел Варан, кој сака да си оди, но Варан го преферира Манчестер јунајтед.

Доколку Варан не прифати трампа, тогаш Реал ќе треба на Ливерпул да му плати 130 милиони за Мане, кој е многу благодарен играч и досега за три сезони кај „црвените“ има дадено 53 гола, од кои еден против Реал, во ланското финале на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести