Ливерпул ќе чека, но нема да дочека кикс на Сити

Денешната фудбалска понуда е супер богата, а финишот на сезоните во првенствата ги прават натпреварите уште поинтересни. Според квотите на денот на обложувалниците Sport Life, Манчестер сити ќе победи и ќе освои нова титула, Рома нема да загуби од Јувентус, додека Барса и Хетафе попаметно е да се игра на голови. Ние како додаток додадовме по еден предлог од дербија во белгиската и француската лига.

 

Брајтон – Манчестер сити (16.00 часот)

За да не влезе во нервоза, на тимот кој мора да победи за освојување титула, ќе му треба брз гол, во првите барем половина час. Сити ќе нападне со сите сили, а тоа ќе остави простор за контри за домашните кои сигурно нема да му ја подарат титулата на противникот. „Граѓаните“ одат по својата 14-та победа по ред и одбрана на трофејот во Премиерлигата.

За сите калкулации околу трката за титулата во Премиер лигата, прочитајте ТУКА.

Предлог тип: 2 & 0-29 мин (1.85)

 

Барселона – Хетафе (18.30 часот)

Првакот го пречекува Хетафе кој брка место во Лигата на шампионите. Ако Хетафе победи на „Камп ноу“, што не е лесна мисија бидејќи никогаш не го направил тоа во меѓусебните дуели, Мадрид во следната сезона ќе има три тима во елитното европско натпреварување. Севилја и Валенсија ќе навиваат за Барса, бидејќи има треба пораз на Хетафе за да добијат шанса да го стигнат.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

Рома – Јувентус (20.30 часот)

Рома со триумф над „старата дама“ би го исполнила својот прв од неколкуте предуслови за освојување на четвртото место. Римјаните ќе чекаат и кикс на Аталанта кој може да се случи на гости кај Јуве, но ако првакот загуби денеска од Рома, прашање е како ќе се однесува против тимот од Бергамо. Гостите играат за својата чест, но не веруваме дека може да ги однесат сите три бода.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.30)

 

Марсеј – Лион (21.00 часот)

Стадионот „Велодром“ е традиционално незгоден терен за гостување, но Лион славеше на својата последна посета тука пред една година, со 3-2. Марсеј игра променливо, додека Лион е во нешто постабилна форма. Веројатно и кај овој пар подобро е да се игра на голови.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.72)

 

Бриж – Генк (18.00 часот)

Домаќинот нема пораз и примен гол на последните три меча, но амбицијата денеска на Бриж е да го спречи Генк да слави титула на неговиот стадион. Генк бега 6 бода на три кола до крајот, па му одговара и нерешено, со што шампионското славје би се одложило само малку. Не би требало да има повеќе од 2-3 гола.

Предлог тип: Х (3.55)

- Оглас -

Најнови вести