Ливерпул – Лани финалист, сега пред испаѓање во групата од ЛШ

Англискиот гигант Ливерпул синоќа загуби на гостувањето кај Пари Сен Жермен и сега се најде во незавидна ситуација. Тимот од „Енфилд роуд“ во последното коло мора да брка победа против Наполи ако сака да стигне до едно од првите две места во групата.

Моментно Наполи е лидер со девет бода, ПСЖ има осум, а Ливерпул е трет со шест бода. Финалистот од минатата сезона за да продолжи во нокаут-фазата, во последните 90 минути ќе мора да го победи Наполи, и тоа најверојатно ќе му бидат потребни два гола.

На првиот меч на овие два тима, Наполи победи со 1-0 во Неапол. Математиката вели дека Ливерпул и со 1-0 ќе оди понатаму, бидејќи во тој случај ќе имаат еднаков број бодови (по 9), еднаков ќе им биде меѓусебниот скор (победи на свој терен од 1:0), а Ливерпул ќе има подобра вкупна гол-разлика. Англичаните би имале 9:7, наспроти 7:5 на Наполи, ако мечот на „Енфилд роуд“ заврши 1-0.

Доколку Ливерпул победи со разлика од еден гол, но и Наполи постигне погодок, тогаш италијанскиот тим е сигурен за следната фаза. Освен тоа што ќе се случува на стадионот во Ливерпул, битно ќе биде каков ќе биде и резултатот од Белград, каде што Црвена ѕвезда ќе игра против ПСЖ. На францускиот тим доволно ќе му биде да не загуби на „Рајко Митиќ“ и е сигурен во следната фаза без разлика на исходот од вториот меч.

Како и да е, Ливерпул е во најнезавидна ситуација и финалистот од лани ќе треба добро да се намачи во последното коло ако сака да остане во нокаут-фазата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести