Ливерпул на поправен против Шрусбери, па на мегдан со Челзи во ФА купот

Челзи го чека Ливерпул во петтото коло од ФА купот, но само под услов лидерот во Премиер лигата да го елиминира Шрусбери на свој терен во повторениот меч од четвртото коло.

Лиеврпул со комбиниран тим водеше со 2:0 на гостински терен, но дозволи сензационален камбек на Шрусбери, екипа што игра во третиот по квалитет ранг на натпревари во Англија.

Лидерот во Премиер лигата е голем фаворит за пласман понатаму, а ако успее да слави во повторениот меч, ќе го игра дербито на петтото коло во ФА купот на „Стемфорд бриџ“ против Челзи.

Портсмут го чека победникот од мечот што се игра вечерва меѓу Борнмут и Арсенал, а актуелниот првак Манчестер сити ќе патува во Шефилд на меч против Вензди.

Двојки: Челзи – Ливерпул/Шрусебри, Шефилд вензди – Манчестер сити, Портсмут – Борнмут/Арсенал, Саутхемптон/Тотенхем – Норвич, Нортхемптон/Дерби – Манчестер јунајтед, Лестер – Ковентри/Бирмингам, ВБА – Њукасл/Оксфорд, Ридинг/Кардиф – Шефилд јунајтед.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести