Ливерпул најголема жртва на ВАР системот во Премиерлигата сезонава

Видео технологијата која се применува за помош на судиите при некои спорни ситуации, често ги нервира и лути фановите низ светот, особено во Англија, каде имаше најмногу дискутабилни одлуки и речиси да нема тим кој не е оштетен поради некаков милиметарски офсајд.

Според статистиката, најлошо со ВАР системот поминал Ливерпул. Дури 13 пати сезонава судиите ги преиначиле своите одлуки и после гледање на ВАР, пресудиле во полза на противниците на Црвените. Со тоа, Ливерпул е најголема „жртва“ пред Тотенхем, против кого имало 10 одлуки после гледање на снимка.

На Ливерпул му се поништени седум голови (најмногу во Премиерлигата), со ВАР не им е досуден ниту еден пенал, а три се досудени против нив откако се гледала снимка.

Со ВАР најдобро си поминаа Брајтон, Фулам, Лестер и Манчестер јунајтед, клубови кои девет пати беа на „среќната страна“.

- Оглас -

Најнови вести