Ливерпул не пропушта подароци – Во драматичен меч го победи Вест хем со 3:2 (Видео)

Ливерпул знае да искористи подарок, а вечерва голманот на Вест хем, Лукаш Фабијански, со лоша реакција им подари израмнување на 2:2, што лидерот во Премиер лигата умешно го искористи и потоа со уште еден гол и победи со 3:2.

Мечот на „Енфилд роуд“ беше исклучително драматичен со два пресврти и на крајот бодови за актуелниот европски првак. Домаќините поведоа со голот на Џиџи Вајналдум, но потоа се случи сензационален пресврт во режија на гостите од Лондон.

Диоп и Форналс со по еден погодок најавија сензација и прекин на најдолгата серија без пораз на клуб од Топ-5 лигите. Вест хем водеше со 2:1 до 68-мата минута, кога се случи клучниот момент.

Лукаш Фабијански лошо реагираше по ударот на Мо Салах и топката му мина низ раце и потоа низ нозе за 2:2. Ливерпул го искористи моментот за уште еден погодок, што беше дело на Садио Мане, и ја продолжи импресивната серија од 44 меча без пораз на домашен терен и 27 натпревари без неуспех во оваа сезона во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести