Ливерпул нема да го врати Џерард за да крене трофеј од Премиер лигата

Нема да им се исполни желбата на навивачите на Ливерпул кои бараа клубот да го ангажира Стивен Џерард за последните мечеви од Премиер лигата за да може легендата и екскапитен на Црвените еднаш во животот да го крене шампионскиот трофеј од Премиер лигата.

Ливерпул точно по 30 години повторно ќе биде шампион на Англија, но Џерард, кој е тренер на шкотскиот Ренџерс, не може да биде меѓу фудбалерите кои ќе земат медали за титулата. Извршниот директор Питер Мур објасни кои се административните пречки за да биде земен 39-годишниот Џерард, кој се пензионираше пред три години.

„Кој играч од тимот треба да го исфрлиме за да го ставиме Стивен Џерард на списокот фудбалери кои треба да земат шампионски медали? Покрај тоа, не знам дали сте забележале, но тој е вработен во друг клуб. Сите го сакаме Стиви и горди сме на неговата кариера, но да го вратиме и да му дадеме петдневен договор за да земе медал, не е опција. Хемијата во соблекувалната е важна. Нема да биде добро ако избркаме некого и му речеме дека нема да земе медал, а цела сезона бил во тимот. Покрај тоа, завршен е преодниот рок“, објасни Мур.

 

- Оглас -

Најнови вести