Ливерпул започна официјални преговори со Борнмут за трансферот на Антоан Семењо, пренесуваат британските медиуми. Според информациите, Црвените ја разгледуваат опцијата за плаќање на откупната клаузула за офанзивецот на Борнмут.
Исто така, се наведува дека за време на разговорите со Мохамед Салах, Египќанецот бил информиран дека клубот планира да ангажира крилен напаѓач кој може да игра и на левата и на десната страна во нападот.
Дваесет и петгодишниот Семењо е дел од Борнмут од јануари 2023 година. Во оваа сезона има одиграно 15 натпревари, постигнувајќи шест гола и три асистенции.
Минатиот месец Би-би-си откри дека во договорот на играчот постои откупна клаузула од 65 милиони фунти, која може да се активира само во првите две недели од јануарскиот трансфер-прозорец.
Сериозен интерес за крилото на Борнмут покажува и Манчестер сити.

