3.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Ливерпул плати 72 милиони евра за млад играч, па стигна реакција: Ова е фудбал кој целосно го изгубил разумот

Францускиот дефанзивец Жереми Жаке е ново име во редовите на Ливерпул, но неговиот трансфер вреден 72 милиони евра предизвика реакции во Франција.

Иако договорот беше постигнат на последниот ден од јануарскиот преоден рок, 20-годишниот дефанзивец ќе им се придружи на „Црвените“ дури на почетокот на следната сезона.

Во родната земја на младиот дефанзивец, многумина веруваат дека Рен го искористил максимално договорот, а поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари отиде најдалеку. Во интервју за радиото RMC Sport, тој не штедеше ниту еден збор критика.

“Ова не е навреда за играчот, тој не е виновен. Му посакуваме се најдобро бидејќи е добар играч. Но, кога имате наивни… честитки за Рен“, рече Дугари, пред да продолжи уште поостро: „Рен успеа да натера наивен како Ливерпул, да плати 72 милиони евра. Веќе не зборуваме за фудбал со две брзини, туку за фудбал кој целосно го изгубил разумот. Да престанеме да се обидуваме да ги оправдуваме овие работи, тие немаат оправдување.“

Жаке има одиграно 19 натпревари за Рен оваа сезона и се смета за еден од најперспективните француски дефанзивци, но големината на трансферот очигледно отвори огромна дебата.

- Оглас -

Најнови вести