Ливерпул почна да тренира, Клоп се чувствува како на прв ден во училиште!

Екипата на Ливерпул денеска го одржа својот прв тренинг по паузата, тимот работеше во помали групи, а тренерот Јирген Клоп беше пресреќен што повторно работат во тренинг-центарот „Мелвуд“. На Ливерпул, кој има 25 бода предност и еден меч повеќе од вториот Манчестер сити, за сигурна титула во Премиер лигата му требаат уште две победи. Англиското првенство би требало да продолжи некаде во средината на јуни.

„Кога дознав дека можеме да се вратиме на тренинг, летав, бев како на месечината. Не се опседнувам со тие две победи. Треба да ги добиеме првите два меча кога ќе продолжи сезоната, не се ‘само‘ два, туку два меча. Ни повеќе, ни помалку. Сакаме да играме најдобро што знаеме и нема да калкулираме дали двете победи ќе бидат на првите или на последните мечеви. Сакаме против секој ривал да играме добро. За жал, нема да ја имаме најдобрата поддршка на светот од нашите навивачи“, изјави Клоп.

Клоп додава дека ова утро се разбудил порано од вообичаеното, возбудата била голема.

„Станав порано и сфатив дека денеска е мојот прв ден. Се чувствував како прваче на првиот ден на училиште. Јас тоа го доживеав пред 46 години, а и утрово се чувствував слично. Се израдував кога ги видов момците. Не се видов со сите, само со десетмина и тренерите, но добро е како за почеток. Сите бевме позитивно расположени“, раскажа Клоп.

- Оглас -

Најнови вести