Ливерпул се израдува на гол во 90+7, но ВАР ги разочара и англискиот гигант загуби, а загубија и Ајакс и Рома

Некогашниот европски првак Ливерпул ја прекина перфектната низа во Лигата на Европа откако загуби со 2:3 на гостувањето кај Тулуз, во меч од четвртото коло. И покрај поразот, Ливерпул остана прв во оваа група со девет бода, додека Тулуз сега е втор со седум бода.

Францускиот тим водеше со 1:0 на полувреме, а второто полувреме беше многу поинтересно. Тулуз поведе со 2:0, а потоа беше и 3:1 на 15-тина минути пред крајот. Ливерпул со голот на Диого Жота намали на 3:2, а во 90+7 минута гостите од Англија погодија и трет пат, но голот беше поништен поради играње со рака, па Ливерпул не успеа да се спаси од пораз.

Пораз претрпе уште еден европски гигант и неколкукратен континентален шампион, а тоа е Ајакс. Холандскиот гигант на свој терен загуби со 0:2 од Брајтон, па остана на последното место во групата само со два бода. Брајтон има седум бода.

Во останатите мечеви од Лигата на Европа кои досега се завршени: ЛАСК – Ројал Унион 3:0, Макаби Хаифа – Виљареал 1:2, Карабаг – Баер Леверкузен 0:1, Рен – Панатинаикос 3:1, Сервет – Шериф 2:1, Славија Прага – Рома 2:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести