Најдобриот англиски тим се враќа на „Енфилд“, стадионот во ново руво (видео)

Ливерпул по неколкумесечна пауза, се враќа на својот стадион „Енфилд роуд“. Последниот дуел на својот култен стадион Црвените го имаа против Атлетико Мадрид, мечот на којшто беа елиминирани од Лигата на шампионите. Вечерва на „Енфилд“ гостува Кристал палас и Ливерпул има многу мотиви да им се врати на победите.

Победа над Палас ќе значи доближување до целната линија и освојување на титулата во Премиер лигата. Тимот на менаџерот Јирген Клоп нема да ја има публиката која ги носи кон победи, но трибините ќе бидат украсени со знамиња и транспаренти. Ливерпул ќе сака да се извади за поразот од Атлетико и иако ќе биде тивко како никогаш досега, освојување на трите бода ќе значи многу за нив.

https://twitter.com/AnfieldWatch/status/1275529277941964807

- Оглас -

Најнови вести