Ливерпул скапо ја плати победата над Брентфорд, се повреди играчот кој го имаше потегот на мечот (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул славеа со 4:1 на гостувањето кај Брентфорд во мечот кој се играше во рамки на 25-тото коло во Премиер лигата, но менаџерот на Црвените,Јирген Клоп, нема премногу причини за задоволство бидејќи повреда заработи Диого Жота.

Жота го имаше потегот на натпреварот откако во 35-тата минута со глава му асистираше на Дарвин Нуњез кој го отвори резултатот.

Но, само неколку минути подоцна, Жота заработи повреда по судирот со соиграчот, Алексис Мекалистер по што на носилки беше изнесен од теренот.

Тоа не беше единствен проблем за Клоп на овој меч, бидејќи претходно поради повреда играта ја напушти и Куртис Џонс, а на нивно место во игра влегоа Рајан Гравенберх и Мохамед Салах.

Во второто полувреме, Мекалистер зголеми на 0:2 во 55-тата минута, а дилемите околу победникот ги реши Салах во 68-та минута.

Брентфорд преку својот најдобар играч Ајвон Тони успеа да постигне почесен гол, а конечниот резултат го постави Коди Гакпо во 86-та минута.

- Оглас -

Најнови вести