Ливерпул со сигурно водство во Прага, бундеслигашкиот лидер шокиран во Азербејџан (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул имаат сигурно водство од 0-3 на гостувањето кај Спарта Прага во осминафиналето од Лигата на Европа. Црвените од Енфилд брзо дојдоа во водство, откако Мекалистер уште во шесттата минута погоди од пенал, а Нуњез во 25-тата и 48-мата минута донесе убедливо водство за избраниците на Јирген Клоп од 0-3 на полувремето.

Изненадување после првите 45 минути на натпреварот во Азербејџан. Домашниот Карабаг има сензационално водство против бундеслигашкиот лидер, Баер Леверкузен, од 2-0. Првиот гол во првото полувреме беше дело на алжирецот Јасин Бензиа во 26-тата минута, додека убедливо водство донесе Жунињо во 47-мата.

 

Резултати – Лига на Европа (полувреме):

Рома – Брајтон 2-0
Карабаг – Баер Леверкузен 2-0
Спарта Прага – Ливерпул 0-3

Резултати – Конференциска лига (полувреме):

Ајакс – Астон вила 0-0
Молде – Бриж 1-0
Олимпијакос – Макаби ТА 1-3
Штурм – Лил 0-1

- Оглас -

Најнови вести